Додека целиот свет го осудува австралискиот новинар Тони Џонс и ја оправдува одлуката на Новак Ѓоковиќ да не одговара на прашања на стадионот додека тој и неговата ТВ станица, која ги пренесува натпреварите, не му се извинат (што и го направија), не секој мисли така.
Еден француски познат тениски новинар има различна теорија. Секако, ни тој не го оправдува Смит за неговите глупави провокации, но смета дека мотивот на Новак да не одговара на прашања е поинаков. А причината е многу тешката задача која го очекува десеткратниот шампион на патот кон можната 11. титула.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Утре во Мелбурн започнува расплетот. Четвртфиналето е на програмата, и како што многумина велат, дури сега започнува вистинскиот турнир. За Ѓоковиќ почнува една од најтешките завршници во неговата кариера, бидејќи за можната титула, го чекаат натпревари со Карлос Алкарас (трет во светот) во четвртфиналето, Александар Зверев (втор во светот) во полуфиналето и Јаник Синер (прв во светот) во финалето.
Ноле имал слични ждребови и порано, и тоа во вид на Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мари, но тогаш немаше 37 години. Ако некој мисли дека тоа не е важно, нека се сети како се повреди на Ролан Гарос. Два маратона, и тоа доцна навечер, доведоа до повреда на менискусот. А Новак сега го очекуваат три натпревари со најдобрите во светот.
„Неговата мисија изгледа сосема невозможно. Затоа Ѓоковиќ користи секоја можност која може да го прикаже во лошо светло, како негативец,“ објаснува Беноа Мелин својата теорија дека Ноле бара специјална мотивација од трибините.