Репортерот на австралиската телевизија „9news“, Тони Џонс уште еднаш го коментираше шегувањето на сметка на Ѓоковиќ, поради кое мораше да се извини. Тој повторно нагласи дека му е жал и додаде дека разбира во што погрешил кога мислел дека е духовит со коментарите кои ги упатил кон српските навивачи.
Да се потсетиме, Џонс се јави во живо од Мелбурн Парк откако Ѓоковиќ го избори четвртото коло на Австралијан опен, првиот тениски турнир во сезоната.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
„Се враќаме во Мелбурн Парк, каде можете да ги видите навивачите на Новак како му поддржуваат. Нивното пеење е прилично необично“, рече Тони Џонс и се сврте кон публиката и почна сам да пее:
„Новак! Тој е преценет! Новак е минато! Новак! Мило ми е што не ме слушаат. Во секој случај, да продолжиме со тенисот“, рече откако повторно се сврте кон камерата.
„Австралиската тениска федерација ми објасни што направив. Ми рекоа дека тимот на Ѓоковиќ не е задоволен со моите коментари. Веднаш контактирав со кампот на Ѓоковиќ и му се извинив. Стојам зад тоа извинување и повторно се извинувам ако помислил дека го омаловажувам“, кажа Џонс.