Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ е љубоморен на Надал и Федерер“

„Ѓоковиќ е љубоморен на Надал и Федерер“

Поранешниот британски тенисер Тим Хенман беше многу воздржан за време на Отвореното првенство на Австралија како репортер за „Еуроспорт“ и од него не можевме да слушнеме поконкретно мислење – дури и кога го интервјуираше Новак Ѓоковиќ – меѓутоа штом заврши натпреварувањето, може да се каже дека „му се одврза“ јазикот”.

Во интервју за британскиот „Експрес“, Тим Хенман изјави дека секогаш забележувал дека Новак на некој начин е „љубоморен на Федерер и Надал“ поради нивната врска со навивачите, па во тоа лежи и неговата лутина покажана во Мелбурн.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Мислам дека, ако малку подлабоко погледнете, според моето мислење, Новак Ѓоковиќ отсекогаш копнеел за таа наклонетост што секогаш им ја покажуваа на Федерер и Надал“, рече Тим Хенман и додаде: „И некои луѓе, претпоставувам, не го сакаат тоа, не им се допаѓа начинот на кој се однесува. Но, целата работа не е баш моја специјалност. Ако го погледнете она што го постигнал, ако ја погледнете речиси секоја статистика, тој е најдобар во сите нив. Тој е феноменален“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Женева

Додека сè уште се шпекулира зошто Новак Ѓоковиќ не игра во Рим, што престојот во Соединети…