Дома Останати Тенис Ѓоковиќ добива конкуренција: Алкараз се пријави на турнирот во Доха

Ѓоковиќ добива конкуренција: Алкараз се пријави на турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ќе учествува на турнирот од серијата 500 во Доха во февруари следната година.

Третиот тенисер во светот ќе го комплетира силниот список на учесници на овој турнир, на кој е потврдено учеството на Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Даниил Медведев, Андреј Рубљов, Алекс де Минор, како и Григор Димитров.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Турнирот во Доха традиционално има квалитетен список на учесници, а покрај парите на кои организаторите никогаш не штедат за да го доведат самиот „крем“ на светскиот тенис, од следната година поединечни тенисери би можеле да имаат дополнителна мотивација да играат на турнирот во Катар.

Алкараз ќе дебитира во престолнината на Катар, додека Ѓоковиќ го има освоено овој турнир во 2016 и 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на денес објавената АТП листа. Ѓ…