Секој нов ден се чини дека трансферот на Виктор Ѓокереш во Манчестер Јунајтед е сè поблиску и поблиску, но прашање е дали овој јануари тој потег ќе може да биде завршен.
Ѓокереш постигна 29 голови на 25 одиграни натпревари за екипата на Спортинг оваа сезона и наводно веќе јасно кажа во кој клуб ќе ја продолжи својата кариера.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
За него беа заинтересирани Ливерпул, Баерн, Барселона, Арсенал, но и уште некои клубови, но тој сака својата кариера да ја продолжи во екипата на Манчестер Јунајтед.
Долго време е познато дека Ѓокереш сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата, а доаѓањето на Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед како да го насочи и трансферот на овој врвен напаѓач.
Новинарите на „Индепендент“ тврдат дека Манчестер Јунајтед направи сè што е можно за Ѓокерес да пристигне на „Олд Трафорд“ веќе оваа зима, но ќе мораат да почекаат до летото.
Арсенал исто така се обиде и овој јануари, но Ѓокереш беше јасен, му се заблагодари на Артета и на челниците на Арсенал за понудата.
Овој одличен напаѓач сака повторно да работи со Рубен Аморим кој ја насочи неговата кариера кон повисоко ниво во екипата на Спортинг.
„Да играм за еден од најголемите клубови во Европа. Тоа е мојата цел“, беше јасен овој одличен напаѓач.