Новак Ѓоковиќ доминантно стигна до титулата на Австралија Опен откако без поголеми проблеми вчера во финалето го совлада Рафаел Надал.
Австралиската тениска легенда Емерсон посакуваше пораз на Ѓоковиќ во финалето со цел тој да остане прв по бројот на титулите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не сакам Новак да победи. Немам многу рекорди во моја сопственост во кариерата, а тој е млад и се уште може да постави нови. Ќе се обидам да ја убедам тениската федерација на Австралија да не му дозволи да учествува наредната година“, се пошегува Емерсон пред мечот.
Сепак, после натпреварот откако Ѓоковиќ го освои трофејот тој и уште три легенди (Кен Розвел, Род Лајвер и Френк Сеџмен) се фотографираа со Ѓоковиќ.
За Новак титулата во Мелбурн беше седма во кариерата на овој турнир.