
Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос каде во три сета убедливо го совлада 32-годишниот Словенец Аљаж Бедене.




По еден час и 45 минути борба, Ѓоковиќ триумфираше со 3:0, по сетови 6:3, 6:3, 6:2, а следен ривал ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман, кој во третото коло го елиминира Бугаринот Григор Димитров исто така во три сета.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ова беше четврта пресметка меѓу Ѓоковиќ и Бедене, прва по пет години и четврти Новак триумфира. Бедене во првиот сет одолеваше до шестиот гем, а потоа Новак направи брејк, со кој го реши во овој сет.




Слично беше и во вториот сет, Ѓоковиќ стигна до брејк во третиот гем, а потоа рутински го освои овој сет. Ѓоковиќ сервираше одлично и блиску до одземање на сервисот на Ѓоковиќ Словенецот беше на почетокот на третиот сет, но таа можност не ја искористи.




До крајот Новак немаше проблеми и мирно го приведе мечот кон крајот.