Новак Ѓоковиќ во вториот сет на Јунајтед купот во Перт против Јиржи Лехечка се соочи со проблеми со зглобот на раката, но на крајот сепак победи.
Ѓоковиќ дури двапати во текот на мечот бараше медицински тајм-аут. Меѓутоа болките во зглобот не беа единствениот проблем за Новак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е прв, ниту последен пат да се случуваат такви работи. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Djokovic receiving treatment on his right wrist.
— José Morgado (@josemorgado) January 2, 2024
MTO between sets. pic.twitter.com/JYoLgmaPzH
Во еден момент српскиот тенисер се закани дека ќе го напушти теренот. Во разговорот со организаторите Ѓоковиќ објаснуваше дека рефлекторите кои беа вклучени му пречат.
На крајот најдобриот светски тенисер по разговорот со супервизорот на мечот одлучи да го доигра мечот. Ѓоковиќ против Лехечка ги доби првиот и третиот сет со по 6:1, додека вториот го загуби во тај-брејк.