Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Самиот себе се изненадив колку бев лош

Ѓоковиќ: Самиот себе се изненадив колку бев лош

НОВАК ЃОКОВИЌ (36), тенисерот број еден во светот, загуби со 4:6, 6:3, 3:6 во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс од 16 години помладиот Лука Нарди, инаку 123. тенисер на АТП ранг-листата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тој немаше што да загуби, па играше одлично. Заслужи да победи. Бев повеќе изненаден од моето ниво.

Моето ниво беше навистина, навистина лошо. Тие две работи одат заедно. Тој има одличен ден, јас имам навистина лош ден“, рече Ѓоковиќ.

Направив навистина ужасни неизнудени грешки. Бев прилично дефанзивен, тој го искористи тоа, влезе на теренот, играше поагресивно и послободно“, додаде српскиот тенисер.

“Немам титула во овој период. Тоа е нешто на што не сум навикнат. Повеќето сезони ги започнав или освојувајќи го Австралија опен или триумфирав во Дубаи. Морам да ја прекинам црната серија, не сум ни блиску до мојот максимум“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…