Новак Ѓоковиќ мечот против Хуберт Хуркач во осминафиналето на Вимблдон го играше два дена откако во првиот беше прекинат поради строгите правила кои наложуваат дека не смее да се игра по 23:00 часот по локално време.
Тогаш започнува еден вид на полициски час и мечевите се прекинуваат, префрлувајќи се за следниот ден. Целта е да се заштити локалното население од гужви и ноќна врева по тениските мечеви. Исто така, проблем во доцните часови би бил и транспортот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ им предложи на челниците на Вимблдон мечевите да започнуваат порано за во иднина да се избегнат такви ситуации. Идејата на српскиот тенисер ја поддржа и Енди Мареј, но Вимблдон смета дека таквата промена би влијаела на заработката од ТВ правата и не даде согласност дуелите да започнуваат порано.
Со носителите на ТВ правата е договорено мечевите да започнуваат од 13:00 часот по локално време за да ги гледаат повеќе луѓе. Ако Вимблдон го промени терминот, веројатно би добил помалку пари од „Би-Би-Си“ од каде што добива 70 милиони евра по турнир, додека со „ЕСПН“ договорот е 450 милиони евра за 12 години.