Дома Останати Ѓоковиќ после една деценија НЕ е во ТОП 10!

Ѓоковиќ после една деценија НЕ е во ТОП 10!

Новак Ѓоковиќ за прв после долго време не се наоѓа помеѓу најдобрите 10 тенисери во светот.

Најдобриот српски тенисер после една деценија отпадна од топ 10 тенисери во светот. Тоа се случи бидејќи изгуби голем број бодови со пропуштањето на мастерсот во Париз, но и затоа што Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро се пласираше во четвртфиналето на овој турнир.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Дел Потро со победата над Холанѓанецот Роби Хас (7:5, 6:4) се избори за пласман помеѓу осумте најдобри во главниот град на Франција и доби шанса да се бори за завршниот мастерс во Лондон.

Ѓоковиќ на следната објавена АТП листа ќе падне за четири места и ќе се пресели на 11 позиција што не му се случило од 5 март 2007 година кога беше пласиран на 13 позиција.

Главната причина за падот на АТП листата на човекот кој освои 12 гренд слем титули е што ја заврши сезоната уште во јули поради пвреда на лактот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…