Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ донесе одлука, по учеството на првиот Гренд Слем сезонава да направи нешто подолга пауза.
Ова воедно значи дека Новак нема да биде дел од Дејвис Куп дуелот помеѓу Србија и САД, но тука не е крајот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер нема да учествува ниту на Мастерсот во Монте Карло, како ниту на турнирите во Акапулко и Истборн, што значи дека до средината на годината и третиот Гренд Слем сезонава ќе учествува на уште само пет турнири.
Ѓоковиќ во својот календар за првиот дел од сезоната, освен Австралија Опен го заокружи и Мастерсот во Индијан Велс, Мајами, Мадрид и Рим, како и вториот Гренд Слем, Роланд Гарос.
Ваквата одлука на српскиот тенисер не е неочекувана бидејќи го пропушти речиси цел втор дел од изминатата сезона поради повреда на лактот со која се уште се бори.