Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: На Македонците, Хрватите и Босанците гледам како на свои браќа

Ѓоковиќ: На Македонците, Хрватите и Босанците гледам како на свои браќа

Новак Ѓоковиќ има голема база на навивачи на Балканот, за него навиваат голем број жители на поранешна Југославија.

Сега Ѓоковиќ во едно интервју за весникот „Блиц“ порача дека народите на овие простори ги смета свои.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѓоковиќ дека навистина го мисли тоа покажа и во текот на Светското првенство кога редовно испраќаше пофалби до репрезентацијата на Хрватска.

„Знам каква е политичката ситуација и дека раните од војната се уште се свежи за многу луѓе. Се молам за секого на кој војната не му донесе ништо добро, но спортот секогаш треба да биде над политиката. Во тоа цврство верувам. Хрватите, Македонците и Босанците се наши први соседи и на нив гледам како на свои браќа. Можеби многумина ќе навредам со овие зборови, ги разбирам и ги почитувам, но јас едноставно сум таков“, изјави Новак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ не бил единствен, но Мареј бил принуден да ја прифати понудата од Србинот!

Енди Мари го прифати повикот на Новак Ѓоковиќ да му биде тренер до крајот на Австралија Оп…