Новак Ѓоковиќ ги сподели емоциите откако го совлада Французинот Адријан Манарино во четвртото коло на Австралија опен – 6:0, 6:0, 6:3.
Најдобриот тенисер во светот беше доминантен во сите три сета, а после мечот даде интересна изјава.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Првите два сета беа меѓу најдобрите во последно време. Тензијата растеше на стадионот, затоа сакав да го загубам тој гем на почетокот на третиот сет, за да можам да се фокусирам на тоа како да го завршам мечот.Манарино е необичен играч, тој ги бара аглите, морав да издржам многу долги размени, но мислам дека клучот е во тоа што одлично сервирав“, изјави Новак