Новак Ѓоковиќ е поразен во полуфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки во победничките Грен слем турнири (има 24) и Австралија Опен (има 10), но беше запрен пред финалето.
Четвртиот носител, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3. Синер на тој начин го победи Ѓоковиќ во три од последните четири натпревари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во четвртиот сет Ѓоковиќ му се налути на судијата, кој според него не ја опоменувал доволно публиката која беше гласна при сервисот.
“Дали само ќе седиш таму и ќе молчиш? Сакаш ли да ти донесам чај?” саркастично праша Ѓоковиќ.