Дома Останати Тенис Ѓоковиќ дефинитивно не игра на Синсинати, под знак прашалник целата турнеја во САД

Ѓоковиќ дефинитивно не игра на Синсинати, под знак прашалник целата турнеја во САД

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати, кој се игра следната недела, а тоа најверојатно значи дека ќе ја пропушти цела турнеја во САД.

Шампионот нема да има шанси да брка трета титула на Синсинати поради правилата за влез во Америка, според кои невакцинираните странци не смеат да влезат во државата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ѓоковиќ не играше ниту минатата година на овој Мастерс поради подготовките за Олимписките игри (ОИ) во Токио.

Ова отсуство од турнирот најверојатно ќе значи дека Ѓоковиќ нема да игра на Ју-Ес опен и ќе остане без можност да се бори за неговата 22. гренслем-титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…