Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го прашаа за Израел и Палестина: И јас сум дете на војна…

Ѓоковиќ го прашаа за Израел и Палестина: И јас сум дете на војна…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја прескокна првата пречка на АТП мастерсот во Париз против Томас Ечвери.

Ѓоковиќ го доби Аргентинецот со 6:3 и 6:2, а по мечот новинарите го прашаа и за актуелната ситуација на Блискиот Исток.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Како дете на војна многу ме погодува тоа што се случува веќе некое време. Не само во Израел и Палестина, туку ширум во светот.

Ужасно е тоа. Испраќам љубов на сите оние кои патат и се надевам дека наскоро се ќе заврши брзо. Секогаш зборувам за мир и тоа е мојата порака. Испраќам порака на љубов“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги загрижи навивачите пред УС Опен

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за УС Опен, кој му почнув…