Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го изгуби првиот сет во 2024 година, но дојде до втората победа

Ѓоковиќ го изгуби првиот сет во 2024 година, но дојде до втората победа

Новак Ѓоковиќ дојде и до втората победа во 2024 година откако рано утрово беше подобар од Јиржи Лиехечка од Чешка со 2:1 во сетови (6:1, 6:7 и 6:1) на тимскиот Јунајтед Куп во Перт.

Без проблеми Ѓоковиќ го доби првиот сет, а вториот сет го започна со брејк, но кога сите помислија дека најдобриот светски тенисер нема да има проблеми противникот почна да игра подобро.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Успеа да дојде Чехот и до тај-брејк каде и што излезе како победник, па затоа мораше да се игра и решавачки трет сет во кој Новаак повторно го подигна нивото на игра и до израз дојде квалитетот.

Во мечот во женска конкуренција Олга Даниловиќ беше поразена од Маркета Воудрушова со 1:2, па така победникот од пресметката помеѓу Србија и Чешка ќе се решава во дуелот во двојки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…