Дома Останати Ѓоковиќ го доби дербито со Надал

Ѓоковиќ го доби дербито со Надал

Во второто коло на Олимписките игри во Париз, во големото дерби, Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови 6:1, 6:4.

Ова беше јубилеен 60-ти меч на двајцата великани, но Шпанецот не можеше да одговори на одличната игра на Ѓоковиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На овој терен на Ролан Гарос игравме многу пати, тој има далеку подобар скор кога станува збор за земјена подлога. Но, во последните четири или пет години успеав да најдам решенија, а две години не игравме, тој беше доста повреден. Тоа се почувствува, одлично ја удираше топката, но движењето му се ограничени. Се вклучи публиката, го врати во живот, тој почна да игра добро, а јас се повлеков“, изјави популарниот Ноле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Џесика Пегула (31) се квалификуваше за своето прво полуфинале на Австралија Опен, победува…