Австралиецот Ник Кирјос веќе некое време преку медиумите и друштвените мрежи го провоцира Новак Ѓоковиќ.
„Новак е болно оптеретен сите да го сакаат. Толку го сака тоа што повеќе не можам да го поднесам. Ако го победам во наредниот нач меч ќе славам баш како што тоа го прави тој и тоа пред него“, изјави неодамна Кирјос.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не застана тука. Кирјос се обиде и преку друштвените мрежи да го понижи Ѓоковиќ.
Тој ја коментираше прославата на српскиот тенисер после победата на Ролан Гарос и јасно е дека не го поднесува.
Инаку, Кирјос и Ѓоковиќ досега се сретнале два пати и во двата меча славеше Австралиецот кој очигледно е посебно мотивиран кога игра против Србинот.
Ѓоковиќ кој овие денови во Белград се подготвува за Вимблдон даде изјава за српските медиуми во која господски зборуваше за навредите од Кирјос.
„Што да ви кажам за Кирјос…Во суштина мислам дека тој не е лош човек, не знам зошто тоа го изјавува, дали сака да привлече внимание…Очигледно сака да биде искрен и транспарентен. Јас го почитувам него како и секој друг, немам проблем со тоа. Дали тој има почит онаква каква што имаат другите, мислам дека не“.
„Имав прилика да го запознаам пред да ме криткува. Тогаш дури му понудив и еден вид на помош пред пет години на УС Опен бидејќи и јас тогаш добивав многу критики. Никогаш не ми се обратил приватно, само вака преку медиумите и друштвените мрежи“, изјави Ѓоковиќ.