Шкендија вчера беше поразена од Мура во првиот натпревар во квалификациите во Лигата на шампионите.
Тренерот Ернест Ѓока после натпреварот истакна дека за него резултатот 0:1 не е реален затоа што неговиот тим пропуштил многу прилики за гол.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Кога ќе пропуштиш толку шанси јасно е дека се случува ова. Според статистиката ние доминиравме, имавме многу прилики но не ги искористивме. Ќе се бориме максималмно да поминеме понатаму. Ништо нема да менуваме треба само да реализираме. Во текот на натпреварот мораше да менувам, ставив напаѓачи на сметка на средниот ред кој е наш најсилен дел од тимот“, изјави тренерот Ѓока.