Продолжува опоравувањето на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер.
Како што пренесуваат шпанските медиуми Михаел Шумахер со своето семејство ја напушти Швајцарија каде што се опоравувал од големата несреќа која ја дожива во 2013 година при скијањето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој се преселил во вилата на Мајорка која неговата сопруга пред три години ја откупи од претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез. Перез таа вила ја купи во 2005 година, но одлучи да ја продаде после смртта на неговата сопруга.
Во прашање е имот од околу 15.000 метри квадратни со два базена, хелиодром, теретана и двор исполнет со палми. Според информациите сопругата на Шумахер направила и болница во куќата.
Уште во 2018 година откриено беше дека сопругата на седумкратниот Ф1 шампион оваа вила ја платила 30 милиони евра.