Дома Останати Авто Мото „Шумахер диши, буден е и можеби може да направи чекор, но повеќе од тоа нема да може“

„Шумахер диши, буден е и можеби може да направи чекор, но повеќе од тоа нема да може“

Mихаел Шумахер е еден од најдобрите возачи во Формуал 1 и тој се уште се наоѓа на рехабилитација по несреќата која му се случи на скијањето во 2013 година.

Неговата состојба се држи во тајност и не се знае многу, ниту еден од најблиските на Шумахер јавно не кажал ништо за неговата состојба. „Газета дело Спорт“ денес пишува дека неврологот Ерик Риедерер во документарниот филм на францускиот „ТМЦ“ открива нешто за состојбата на Шуахер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Диши, буден е, срцето му е во нормален ритам…Веројатно може да седи и да направи мал чекор со нечија помош. Но, тоа веројатно ќе биде толку. Повредите кои ги доби се тешки. Се плашам дека ова е најдобрата состојба во која може да биде. Тој е во вегативна состојба. Буден е да, меѓутоа не реагира на разговор“, тврди Риедерер.

Ќе потсетиме, Шумахер беше на одмор на Алпите кога при скијањето падна и доживеа тешка повреда поради удар со главата во карпи. Животот му го спасила кацигата која ја носел, доколку бил без неа тешко дека ќе преживеел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…