Црногорскиот репрезентативец, Никола Павличевиќ денес потпиша договор со МЗТ Скопје до крајот на оваа сезона, објавија денес од клубот.
Како што се наведува, се работи за плејмејкер кој изминатата сезона настапуваше за мадридски Солонок, а летово беше дел од репрезентацијата на Црна Гора на ЕП.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Павличевиќ претходно настапуваше за Олимпија, Сутјеска, Ловчен и австриски Халиман.
Црногорскиот бек пристигнува на местото на Американецот, Брет Бејли, на кого му истече тромесечниот договор со МЗТ, а кој нема да биде продолжен.