Дома Фудбал Останато Што ќе прави Барселона со Кутињо?

Што ќе прави Барселона со Кутињо?

Соиграчите го убедуваат, клубот нема ништо против.

Во Барселона се уште не одлучиле што со Фелипе Кутињо. Тој е помеѓу десет најскапи играчи на сите времиња, но се уште е далеку од формата со која очекуваа Каталонците да игра.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Сака да замине, како што пишува каталонски „Спорт“, тој наводно тоа им го кажал тоа на своите соиграчи кои го охрабруваат да остане и веруваат дека проблемот е само во падот на формата.

Кутињо наводно сака да добие поголема улога, да биде оној од Ливерпул каде што беше главен играч. Меѓутоа епитетот главен играч јасно е дека во Барселона може да го има само Меси. Бразилецот никако не успеава да се наметне кај Валверде, а уште помалку прилика ќе добива со пристигнувањето на Френки Де Јонг од Ајакс.

Низ медиумите се пишува дека Барселона разговарала со неговиот агент и клубот соопштил дека нема да инсистира на негова продажба ако сака толку да замине. Нема да биде ставен на трансфер листата, се споменуваа Манчестер Јунајте и Пари Сен Жермен, но прашање кој клуб би сакал сега да издвои стотина милиони евра за негов ангажман.

Тој професионално ги одработува барањата на клубот, меѓутоа како што споменавме наредната сезона кога ќе пристигнат уште неколку засилувања ќе биде уште потешко Кутињо да добие место во првиот тим.

Значи продажба би било најлогичното решение, но останува да се види дали ќе има заинтересирани клубови кои се спремни да ја платат бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тоа што и се случи на Србија не се случило на никоја друга репрезентација на ЕП

Репрезентацијата на Србија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако со ремито…