Италијанскиот гигант Интер има намера во јануари да го продолжи договорот со својот најдобар фудбалери Мауро Икарди до 2023 година и да ја зголеми откупната клаузула на 130 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.
Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во јуни 2021 година, а според новиот договор неговата плата ќе порасне од 4,5 на 7 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди ја игра најдобрата сезона во кариерата, на 17 првенствени натпревари постигна исто толку голови и е прв стрелец во Серија А.
Аргентинецот пристигна во Интер во 2013 година од Сампдорија и на 142 натпревари постигна 88 гола, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид кој нема да има проблем во јануари да ја плати откупната клаузула од 110 милиони евра.
Поради тоа Интер сака што е можно побрзо да го продолжи договорот со напаѓачот, а секако главениот збор ќе го има Ванда Нара, сопругата и агент на Икарди.