Тимот на Јувентус вчера одигра уште еден неверојатен натпревар.
„Старата дама“ во последно време многу лесно прима голови, а вчера Сасуоло им даде дури три, а на крајот тимот на Маурицио Сари извлече бод. Јувентус има среќа што се извлече во претходното коло против Аталанта со гол во финишот за реми, во спротивно работите сега ќе беа поинакви. Вака тимот од Торино во последните пет кола има предност од седум бода.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека тренерот Маруцио Сари зборува за добрата игра од која е многу задоволен навивачите бараат негова промена додека не е доцна бидејќи Јувентус како да прави се за да ја изгуби титулата.
Никогаш „старата дама“ не примала волку лесно голови. Скоро шест децении не примиле голови на три натпревари во низа, но сега „успеаа“ во тоа.
Во сезоната 1961/1962 Јувентус последен пат прими девет голови во три натпревари (Интер – Јувентус 2:2, Болоња – Јувентус 2:3, Јувентус – Милан 2:4), а сега им се повтори ова. Милан повторно им даде четири гола, три Сасуоло и два Аталанта.
До крајот во игра се уште 15 бодови и сепак е тешко да се очекува дека Јувентус ќе ја испушти предноста и покрај ваквата игра.