Дома Останати Авто Мото Што се случува со Хамилтон? Воопшто не одговара на пораките

Што се случува со Хамилтон? Воопшто не одговара на пораките

На Луис Хамилтон тешко му падна губењето на титулата во последниот круг во сезоната од Макс Верстапен.

Возачот на Мерцедес по трката во Абу Даби не се огласи на друштвените мрежи, не се појави ниту на гала вечерта во организација на ФИА. Се пишуваше дури и дека Хамилтон размислува да се повлече од возењето од возењето Формула 1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Новиот претседател на ФИА Мохамед Бен Суалеј во меѓувреме му испратил на Хамилтон неколку пораки, а интересно е што не добил никаков одговор.

„Му испратив неколку пораки. Мислам дека не е спремен 100% да одговори. Не го обвинувам. Ја разбирам неговата позиција. Но исто така постојат правила. Луис и неговиот тим знаеа што носи непојауввањето на гала вечерта. Но сите сме луѓе на крајот на денот. Тука се стресот, притисокот…“, изјави Бен Суалеј.

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува на 20. март со трката за Големата награда на Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…