Дома Фудбал Англија Што се случува во Јунајтед? Само тројца фудбалери сезонава не се повредиле

Што се случува во Јунајтед? Само тројца фудбалери сезонава не се повредиле

Maнчестер Јунајтед повторно има сезона под очекувањата, меѓутоа тимот на Ерик Тен Хаг се соочи и со многу повреди. Имено, само тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед сезонава не се повредиле и тоа се – Бруно Фернандеш, Алехандро Гарначо и Диого Далот.

Кога ќе се соберат повредите во Јунајтед имало вкупно 29 повреди, а кога на оваа бројка ќе се додадат отсуствата поради болест тогаш се доаѓа до бројка од 47 отсуства.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Најмногу натпревари пропуштил Тајрел Маласија (37), потоа Лисандро Мартинез (27), Мејсон Маунт (24), Лук Шо (22), Касемиро (17) и Антони Марсијал (14). За дербито против Манчестер Сити минатиот викенд од тимот осуствуваа дури деветмина фудбалери.

Медиумите на Островот шпекулираат дека фудбалерите за ова го обвинуваат Тен Хаг, односно дека повредите се последица на режимот на тренинзи од минатата сезона. Во минатата сезона Јунајтед одигра 62 натпревари, а помеѓу натпреварите имале напорни тренинзи кои претходно не биле пракса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Емотивен крај на ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид

Пред почетокот на Светското клупско првенство, кое заврши синоќа, се знаеше само едно, а т…