Дома Трансфер зона Што сега? Една од најголемите желби на Реал потпиша со агентот на Бејл!

Што сега? Една од најголемите желби на Реал потпиша со агентот на Бејл!

Ќе може ли Перез да помине преку се и повторно да соработува со Џонатан Барнет?

На Реал Мадрид не му оди во последно време на теренот, а сега добиваат и лоша вест од трансфер пазарот. Имено, веќе подолго време „кралевите“ се поврзуваат со Едуард Камвинга.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Веста која денес ја пласираше Л’Eкип, а набрзо беше и потврдена гласи: Младиот играч за врска на Рен ја промени агенцијата која се грижи за неговата кариера. Од денес него го застапува Џонатан Барнет.

На кого ова не му е некоја вест значи дека веројатно не ги следел сите проблеми кои ги имаше Реал со Герет Бејл во претходните две години. Бејл со месеци одбиваше да си замине од Реал и ги иритираше сите во клубот со своето однесување, а тука беа и изјавите на Барнет кои само дополнително ги нервираа фановите.

После таквото искуство со Бејл и Барнет големо е прашањето дали Реал се уште ќе има интерес за Камвинга.

„Од денес ние водиме грижа за кариерата на Едуард Камвинга“, ја потврди Барнет веста за медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…