Дома Фудбал Англија Што правеа Лукаку и Санчез во дербито?! – Фил Фоден со две минути на теренот имал поголем допринос! (ФОТО)

Што правеа Лукаку и Санчез во дербито?! – Фил Фоден со две минути на теренот имал поголем допринос! (ФОТО)

Англичаните стигнаа до неверојатен податок.

Манчестер Сити вчера заслужено славеше против Манчестер Јунајтед, тоа беше демонстрација на сила на екипата на Пеп Гвардиола која во текот на натпреварот доминираше на „Етихад“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После натпреварот се појавија бројни статистички податоци кои покажуваа колку Манчестер Сити бил доминантен во однос на градскиот ривал.

Имено, статистичарите успеаа да извлечат податок дека фудбалерот на „граѓаните“ Фил Фоден кој влезе во втората минута од судиското продолжение, за две минути на теренот забележал седум успешни додавања.

Тоа не е ништо чудно додека Фоден не го споредите со Лукаку и Санчез кои на теренот се појавија многу порано.

Лукаку во игра влезе во 57-та минута, додека Санчез го замени Лингард во 73-тата и за времето кое го поминаа на теренот забележаа – четири успешни додавања!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тетоважа што ќе го расплаче целиот свет: Диого Жота не е заборавен (Видео)

За жал, Диого Жота повеќе не е меѓу нас, но очигледно е дека тој нема да биде заборавен. П…