Дома Фудбал Останато Што ли планирале!? – ПСЖ доставил неверојатно барање пред реваншот против Реал Мадрид…

Што ли планирале!? – ПСЖ доставил неверојатно барање пред реваншот против Реал Мадрид…

Изгледа дека сешто може да му падне на памет на претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Од таборот на ПСЖ не убедија дека парите не се проблем, но манирите веројатно се, а тоа го потврдува највното сознание на „Л’Екип“. Реномираниот весник од Париз пишува дека управата на Пари Сен Жермен планирала инцидент пред реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Л’Екип“ тврди дека управата на ПСЖ барала од полицијата да нема делегација која ќе го испрати шпанскиот гигант од хотелот до стадионот, на два часа пред почетокот на натпреварот. Во такви ситуации според правилата на УЕФА секој тим мора да има полициска придружба.

Французите се обиделе да ги изигираат прописите на УЕФА, што не наведува на тоа да размислуваме дека сакале или планирале инереди додека возилото на Реал се движело низ улиците во Париз.

За среќа, валстите го одбиле предлогот на ПСЖ, па екипата на Зинедин Зидан без никакви проблем пристигнала на „Паркот на принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн руши рекорди. Никој досега не започнал сезона како нив

Фудбалерите на Баерн го продолжија својот победнички ритам оваа сезона, совладувајќи го ак…