Дома Фудбал Англија Што изјави Фергусон за Гвардиола во 2016 година?

Што изјави Фергусон за Гвардиола во 2016 година?

Уште долги години Сер Алекс Фергусон ќе биде најтрофејниот менаџер во Премиер лигата бидјеќи освои 13 титули, но и тој знаеше некогаш да погреши.

Го назначи Дејвид Мојс за негов наследник во Манчестер Јунајтед и му даде голема поддршка, сепак на Мојс не му одеше на „Олд Трафорд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега во англиските медиуми се појави и негова прогноза за Пеп Гвардиола која од денешен аспект е јасно дека е погрешна.

„Пеп има фантастична работна етика и секако дека е одличен тренер. Манчестер Сити направи вистински потег со неговото доведување, но во Англија нема да му биде лесно. Секој странец кој доаѓа во англискиот фудбал има потешкотии, Венгер зборуваше на таа тема неодамна, исто така и Мурињо. Пеп веројатно ќе има успех, но не како во Барселона“, изјави Фергусон за Гвардиола во 2016 година.

Денес осум години подоцна Гвардиола ја смени историјата на Премиер лигата и од Манчестер Сити направи евроспки гигант освојувајќи вкупно 17 трофеи. Премиер лигата „граѓаните“ ја освојуваат веќе четири сезони во низа, нешто што претходно не му успеало на ниту еден друг тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…