Артета и Арсенал изгледаат незапирлово и сигурно се едно од најголемите изненадувања во сезоната во топ 5 првенства.
„Топџиите“ имаат предност од осум бода во однос на Манчестер Сити и во недела ќе го играат големото дерби против Манчестер Јунајтед кој исто така е во добра серија под водство на Тен Хаг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго оспоруваниот Артета сега реди успеси со Арсенал и ја оправдува довербата на челниците на Арсенал кои го поставија за прв тренер на тимот во декември со 2019 година. Меѓутоа Артета секога имаше почит од колегите, меѓутоа Мурињо имаше посебни зборови за него во 2020 година.
Мурињо тогаш го водеше Тотенхем и славеше во дербото на Северен Лондон.
„Сакам да му честитам на Артета. Тактички игра баш добро. Во фудбалот сум веќе долго и можам да прочитам одредени ситуации пред да се случат. Артета работи фантастично, гради игра со четворица и се брани со пет.
Одлично ги води младите играчи и има доверва во ниов, мислам дека ќе станат голема закана во Премиер лигата кога неговиот план ќе се реализира. Се надевам дека ќе добие време затоа што со него Арсенал повторно ќе стане Арсенал“, изјави Мурињо пред три години.
Оваа изјава сега изгледа како некое „пророштво“, Артета го доби потребното време и сега изгледа како фаворит за титулата до која ако продолжи вака нема сомневање дека ќе дојде.