12 европски гиганти одлучија да ја формираат Суперлигата.
Од вчера вечер ова е главна тема во светот на фудбалот. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА сигурно ќе реагира и од европската куќа на фудбалот веќе се заканија со сериозни санкции.
Британсите медиуми потсетија и на една изјава на Јирген Клоп од 2019 година. Ливерпул е во тимовите кои прифатија да играат во оваа Суперлига, а еве што зборуваше Клоп на оваа тема.
„Се надевам дека Суперлигата никогаш нема да се формира. Фудбалот е прекрасен со Лигата на шампионите и Лигата на Европа. За мене Лигата на шампионите е Суперлига. Секако дека парите се важни, но зошто да се гради нешто во кое Ливерпул 10 години по ред би играл против Реал – кој би го гледал тоа“, изјави тогаш Клоп.
Меѓутоа сега Ливерпул е дел од Суперлигата каде што Флорентино Перез е првиот претседател, а негови заменици се Андреа Ањели и Џоел Глејзер.