Дома Фудбал Останато Што изјави Азар за Меси пред неколку години?

Што изјави Азар за Меси пред неколку години?

Белгискиот репрезентативец Еден Азар вчера и официјално стана нов фудбалер на Реал Мадрид.

Азар со „кралевите“ потпиша договор на пет години, а вчера клубовите конечно објавија дека се е договорено и дека Белгиецот е нивни играч.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, интересно е дека медиумите поврзани со Реал Мадрид потестија на една изјава на Аар за Лионел Меси и таа баш и не им се допаѓа.

„Марка“ објави изјава на Азар во која зборува дека Меси е најдобар играч на сите времиња и дека тој нема никаква конкуренција за тоа поле.

„Велите дека постојат двајца играчи кои се најдобри на сите времиња? Нема шанси! Само еден е најдобар на сите времиња: Тој е Лионел Меси“, изјави своевремено Азар.

На навивачите сигурно нема да им се допадне, но ако Азар сумата вложено во него ја оправда со игрите на теренот тогаш веројатно сите ќе заборават што зборувал за Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хојлунд се враќа на Апенините – познат е неговиот следен клуб!?

Цело е јасно на сите дека Милан мора да бара центарфор, играч што ќе биде сигурен пред про…