Дома Фудбал Репрезентации Што значеа необичните знаци на Израелците пред почетокот на натпреварот против Косово?

Што значеа необичните знаци на Израелците пред почетокот на натпреварот против Косово?

Во заостанатиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година, Косово вчера го победи Израел во Приштина со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Милиот Рашица во 41. минута. Натпреварот беше одигран со високи мерки на претпазливост, а пред почетокот додека се изведуваше химната на Израел од трибините се слушаа свирежи.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Но, беа забележани и некои необични знаци кои ги покажуваа фудбалерите на Израел. Подоцно е објаснето дека покажувале половина срце оддавајќи почит на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

„Тоа покажува дека срцето не е цело без нивното враќање дома. Моментот беше испратен со гласни свирежи од навивачите на Косово“, пишуваат израелските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…