Пред неколку дена се појави вест ека некој клуб понудил 100 милиони евра за Ансу Фати (повеќе за ова тука).
Тогаш не беше именуван клубот кој бил спремен да плати толкава сума за младата надеж на Барселона која се градеше во „Ла Масија“, сега Шпанците тврдат дека откриле за кој клуб станува збор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Манчестер Јунајтед бил клубот кој за Фати понудил вртоглави 100 милиони евра, меѓутоа како и што се наведува во претходната вест понуда била експресно одбиена.
Фати сезонава собра 24 натпревари за Барселона откако минатото лето Ернесто Валверде почна да го користи во првиот тим. Инаку, тој има откупна клазула која изнесува дури 170 милиони евра што е сума која сигурно ниту еден клуб во овој момент нема да ја плати за него.
Јунајтед на Фати гледал како алтернатива за Џејдон Санчо со кого се поврзуваат подолго време.