Шпанските медиуми денес пренесуваат дека Барселона одбила огромна понуда за талентираниот Ансу Фати.
Според она што се пишува во Шпанија неименуван европски гигант испратил понуда за Фати вредна 100 милиони евра. Бартомеу на понудата имал јасен одговор и не сакал да влегува во преговори, во Барселона се убедени дека Ансу Фати има голема иднина и од него очекуваат многу.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бартомеу на неименуваниот клуб му порачал дека Фати не е на продажба за било која цена.
Барселона до 30. јуни мора да собере 69 милиони евра за да ги израмни своите финансии и да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј. Сепак, во Барса очекуваат таа сума да ја соберат преку Демебеле или Кутињо, а не преку Фати.
Ќе потсетиме Фати на 31. Октомври ќе наполни 18 години, а во својата дебитантска сезона одигра 24 натпревари, постигна пет голови и додаде една асистенција.