Најголемата приказна во трансфер периодот последната недела е Лука Модриќ и неговиот можен трансфер во Интер.
И додека гласините дека Модриќ сака нов предизвик во Италија, а Флорентино Перез говори дека единствено може да си замине за 750 милиони евра, изгледа дека Реал има план Б, Ц и Д ако Модриќ си замине во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, шпанскиот весник „АС“ пишува дека главните мети во случај да си оди Модриќ се Марко Верати, Миралем Пјаниќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ. Иако новиот тренер на Реал, Лопетеги ги смири навивачите на „Кралскиот клуб“ изјавувајќи дека Модриќ ќе остане во Реал, од ден во ден доаѓаат нови детали за преговорите.
Последната понуда на Интер била 40 милиони евра, од кои 15 милиони би отишле на едногодишна позајмица, а обврска за откуп на договорот следното лето би донела уште 25 милиони во Мадрид. Перез таквата понуда глатко ја одбил и според пишувањето на италијански медиуми сака 70 милиони.
#premiumsport #RealMadrid – #Pjanic #MilinkovicSavic e #Verratti per l’eventuale dopo #Modric. https://t.co/oUwFuVXL8u
— PremiumSportHD (@PremiumSportHD) August 5, 2018
Во таков случај, има смисла да дојде еден од тројцата наведени, бидејќи заминувањето на играчите како Модриќ ќе остави огромна дупка во средниот ред. Верати и Пјаниќ во моментов се најквалитетни опции, но прашањето е дали Перез е насочен кон тековниот успех или кон развивање на млади играчи за иднина. Продажбата на Роналдо и евентуално заминување на Модриќ сугерира дека Реал би можел да си оди во втората насока. Савиќ има 23 години и најмногу простор за напредок од наведените три опции.
Освен нив, Шпанците пишуваат дека Реал би можел да го доведе и Френки де Јонг, младата ѕвезда на Ајакс, но во таа приказна е проблем што Холанѓаните преговараат со Барселона, а неодамна рекоа дека сакаат да го задржат Де Јонг барем до следното лето.