Дома Фудбал Шпанците откриваат која била последната порака на Меси до Бартомеу

Шпанците откриваат која била последната порака на Меси до Бартомеу

Лионел Меси минатото лето сакаше да ја напушти Барселона и бараше раскинување на договорот.

Барселона минатата година доживеа дебакл откако Баерн ги победи со 8:2, а неколку дена по испаѓањето сите беа шокирани кога Меси изрази желба да замине. Меси испрати официјално барање до клубот со кое бараше раскинување на договорот. Договорот на Аргентинецот има важност до крајот на оваа сезон, а тогаш Меси бараше клубот да му излезе во пресрет.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тогаш се пишуваше дека Меси има договор со Манчестер Сити, но од на крајот не испадна ништо. Каталонското радио вечерва објави дека Меси и Бартомеу останале во лоши односи и дека Меси бил среќен кога Бартомеу си поднел оставка.

Исто така овој медиум ја открива последната порака која Меси ја испратил до Бартомеу откако тој одбил да го раскине неговиот договор.

„Повторно ме за*баваш, по ѓаволите“, му напишал Меси на тогашниот претседател откако станало јасно дека нема да добие раскинување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…