Вечерва од 20:00 часот се игра првото полуфинале на Мундијалот во Катар. За Хрватска ова е трето во нивната историја, но второ во низа после среброто во 2018 година од Русија. Хрватите имаат и бронза од 1998 година.
Аргентина до полуфиналето дојде по една тензична битка со Холандија. Тоа беше натпревар во кој видовме многу неспортски гестови, а еден од главните актери беше Меси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот новинар од „Ел Чирингито“, Хунама Родригез смета дека поради таквото однесување на Аргентинците денес најголем дел од светот ќе навива за Хрватска.
„Целиот свет денес ќе навива против Аргентина. Со односот во натпреварот против Холандија го свртеа светот против себе. Моја лична желба е Хрватска да им даде четири гола, а ако Аргентина има среќа и помине во финале, тогаш таму нека прими шест од Франција.
Нивниот начин на игра не е фудбал, никој не смее и не може да ги брани за тоа што го правеа. Верувам дека постои карма и таа ќе се врати против нив“, изјави Родригез.