Лионел Меси е несреќен во ПСЖ и на крајот на сезоната би можел да го напушти францускиот клуб.
Меси оваа сезона постигна само седум голови на 26 натпревари, со ПСЖ елиминиран беше на стартот од нокаут фазата во ЛШ, а навивачите му испраќаа свирежи во натпреварот за викендот против Бордо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот новинар Жерард Ромеро тврди дека Меси би сакал да се врати во Барселона од каде што замина минатото лето поради финансиските проблеми.
„Таткото не Лео, воедно и негов агент пред неколку дена ја контактираше управата на Барселона за да преговара и да ја провери можноста за негово враќање“, објави Ромеро.
Треба да се спомене дека и француските медиуми пишуваа дека Меси би можел да го напушти ПСЖ на лето. Ако се случи заминување на Меси би имале еден егзодус во Париз затоа тука се веќе извесниот трансфер на Мбапе во Реал, веројатно заминување и на Рамос, тренерот Покетино, а се шпекулираше дека Келаифи не е задоволен и од работата на спортскиот директор Леонардо.