Дома Фудбал Шпански медиуми: Мурињо би можел да се врати во Реал

Шпански медиуми: Мурињо би можел да се врати во Реал

ЖОЗЕ МУРИЊО ја напушта Рома на крајот од сезоната, објави Џанлука Ди Марцио, еден од најголемите експерти за трансфери.

Португалскиот стручњак потпиша тригодишен договор со Рома во 2021 година и на крајот од сезоната ќе стане слободен тренер.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Мундо Депортиво“ пишува дека Мурињо е еден од кандидатите за наследник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо и слободниот агент Зинедин Зидан се исто така опции. Но, Анчелоти прво мора да го напушти мадридскиот клуб. Неговиот договор со Реал истекува во летото 2024 година, но не е сигурно дека нема да добие нов иако се поврзуваше со бразилската репрезентација.

Да потсетиме, Мурињо веќе го водеше Реал на 178 натпревари во периодот од 2010 до 2013 година.

Според Tрансфермаркт, тој имал просек од 2,3 бода по натпревар и освоил три трофеи: првенството на Шпанија, шпанскиот куп и шпанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија вечерва против Велс во обид да избори бараж за СП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф го игра решавачкиот натпревар прот…