Фудбалот дефинитивно ќе се врати во Шпанија, Реал Мадрид го закажа почетокот за продолжување на сезоната веќе од 4. мај, но најавено е дека публика на натпреварите нема да има до крајот на годината, можеби и подолго.
Веќе од овој дел јасно е дека работите нема да бидат исти како пред воведувањето на вонредната состојба поради Ковид-19, но што би можело да се промени во смисла на организацијата на натпреварите и самите случувања на теренот? Одговорот го донесе познатиот шпански доктор Рафаел Рамос, претседател на шпанската асоција на клупски доктори.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„На почетокот играчите нема да смеат да го имаат истиот контакт како што беше случај претходно. Ќе гледаме целосно поинаков фудбал. Многу работи ќе бидат поинакви. Пример ,играчите повеќе нема да смеат да влезат во физички контакт во текот на изведувањето на корнерот“.
Тоа е само почеток…
„Играчите нема да мораат да се грижат дали ќе се заразат со корона ако топката ги погоди во лице. Стерилизација на топката и самиот терен ќе се врши пред и после секој натпревар. Тешко дека некој може да се зарази ако стерлизирана топка го погоди на дезинфициран терен“.
„Ќе видиме дали можеме да обезбедиме услови екипите да бидат заедно во хотел, односно во карантин пред продолжување на сезоната. Заклучување на целиот тим, заедно со стручниот штаб и медицинските лица…Сето тоа е комплициран процес, но без вакви мерки и некои други она добро што до сега го направивме може да исчезне“, објаснува докторот.