Дома Топ вести „Шпанска сапуница“: Јувентус добива нова понуда за Калдара, но не од Милан?!

„Шпанска сапуница“: Јувентус добива нова понуда за Калдара, но не од Милан?!

Младиот дефанзивец на Јувентус, Матија Калдара изгледа сепак ќе го напушти Јувентус, но сега Милан не е единствениот клуб во игра за неговиот потпис.

За талентираниот стопер на Јувентус голем интерес во последно време покажува Милан кој со негово доведување би го надополнил потенцијалното заминување на Бонучи, кој е блиску до враќање во Јувентус.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, покрај ваквите најави денес од Англија и Италија пристигнува нова вест, а тоа дека Јувентус би можел да прифати понуда во износ од 40 милиони евра од Челзи за услугите на Калдара.

Евентуално прифаќање на ваквата понуди би било големо изненадување, посебно поради тоа што Јувентус неодамна одби слична понуда за Калдара од Борусија Дортмунд, но треба да се спомене дека во тие моменти „старата дама“ не се поврзуваше со Бонучи.

Ќе потсетиме и дека Челзи претхдоно водеше преговори со Јувентус за Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…