Во изминатата деценија ПСЖ потроши огромни суми на доведување скапи фудбалери, но најпоаскуваниот трофеј за газдите, оној во Лигата на шампионите остана недостижен.
Летово во клубот од Париз се случија многу промени, едни од оние кои заминаа беа Меси и Нејмар, а пристигнаа некои нови имиња. Сепак, едно од засилувањата, поточно Маркос Алонсо ги изненадил сите во клубот со своето однесување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асенсио пристигна како слободен играч од Реал Мадрид како голема желба на тренерот Окампос, но сега тренерот Луис Енрике е шокиран од неговото однесување. Имено, според информациите на француските медиуми, Асенсио покажал апсолутно незалагање и Енрике не смета на него сериозно за натпреварите.
Се шпекулира дури и дека може да биде испратен на позајмица. Треба да се спомене и дека Асенсио доби 10 милиони евра како бонус за потписот бидејќи пристигна како слободен играч, а покрај тоа доби и плата од 10 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го имаше во Реал Мадрид.