Дома Фудбал Англија Шок: УЕФА го исфрла Манчестер Сити од Лигата на шампиони!?

Шок: УЕФА го исфрла Манчестер Сити од Лигата на шампиони!?

Манчестер Сити се наоѓа во тешка ситуација бидејќи УЕФА спрема жестока казна за нарушување на правилата на Финансискиот фер-плеј.

Најугледните англиски медиуми денес едногласно пренесоа дека Манчестер Сити ќе биде исфрлен од Лигата на шампиони следната сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Медиумите тврдат дека УЕФА планира санкција „потешка од парична казна”, ако се покаже дека информациите за финансискиот фер-плеј во 2014 година се вистинити. Единствена потешка казна за нарушавање на правилата е забрана за настап на европските турнири.

„Граѓаните“ се под истрага за преувеличување на износот од спонзорските договори со цел да прикажат повеќе приходи, а со тоа да можат и да трошат повеќе пари на трансфер пазарот.

Официјален одговор од УЕФА е дека се работи на случајот, но информациите за казната се очекува да излезат наскоро.

„Можам само да кажам дека работиме на случајот, се занимаваме со тоа, имаме посебно независно тело кое се вклучи во истрагата, наскоро ќе имаме одговори на тоа што ќе се случи во овој конкретен случај“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Компани подготвува голем трансфер, Баерн веќе стапил во контакт со играч на Ливерпул

Во најновите извештаи кои доаѓаат од реномираниот германски медиум „Билд“, Баерн Минхен за…