Дома Трансфер зона Шок од Минхен: Мане по инцидентот е пред заминување!?

Шок од Минхен: Мане по инцидентот е пред заминување!?

Шокантна вест ни пристигнува од Германија – Садио Мане сака да го напушти Баерн Минхен по само една година!

Мане не ги исполни очекувањата, а посебно не е во форма по тешката повреда пред Мундијалот во Катар. Откако се врати во 2023 година во главно влегува од клупата за резерви и на девет натпревари не постигна гол, забележа само една асистенции.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Медиумите пишуваа и дека влегол во жесток конфликт со Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити, наводно дури и го удрил (тука).

Денес по овој инцидент се појави информација дека соблекувалната на Баерн била многу изненадена од неговиот потег бидејќи никој не очекувал дека така може да реагира. Новинарот Флоријан Плетенберг кој важи за добро информиран кога во прашање е Баерн не очекува Мане да остане во клубот и наредната сезона.

„Баерн Минхен едноставно не може да прифати такво однесување. Обичната казна не е доволна, клубот сака да постави пример и предупредување за останатите. Со Тухел сакаа да добијат тренер кај кого ваквите работи нема да бидат можни. Чисто се сомневам дека Мане има иднина во Минхен и наредната сезона“, објави Плетенберг.

Тешко е да се верува дека Баерн ќе си дозволи од финаниски аспект само да се раздели со Мане, сепак не е невозможно Мане да замине со продажба за одредена сума на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…