Дома Фудбал Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Хаос во соблекувалната на Баерн, Мане го удрил Сане после поразот

Германскиот весник „Билд“ тврди дека во соблекувалната на Баерн Минхен се случил инцидент по завршувањето на мечот против Манчестер Сити.

Наводно дошло до тепачка помеѓу Садио Мане и Лерој Сане, а „Билд“ тврди дека Мане го удрил Сане во лицето.

Мане бил лут затоа што Сане со висок тон му се обратил за време на мечот, расправијата почнала уште на теренот, а завршила во соблекувалната.

Со соблекувалната Мане го удрил Сане по уста, па Германецот бил изваден од соблекувална за да се смири ситуацијата.

„Билд“ додава дека Мане ќе биде казнет за инцидентот, а соиграчите спречиле поголем инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дувикас блеска во Комо: Фабрегас има голема заслуга за мојот напредок

Грчкиот напаѓач ужива во Комо, каде што ги истакнува заслугите на Фабрегас и стручниот шта…